Мартин Скорсезе снима нов филм: Ди Каприо и овој пат во главната улога

popara22 февруари, 20251min00
Cannes,,France,-,May,09,,2018:,Martin,Scorsese,Attends,The

Познатиот режисер Мартин Скорсезе работи на нов филм, пренесуваат странските медиуми, а овој проект ќе одбележи уште една соработка меѓу него и Леонардо ди Каприо, со кој последен пат соработуваше пред две години на филмот Murders Under the Flower Moon. Се очекува Ди Каприо овојпат повторно да глуми во филмот, но и да биде еден од продуцентите.

Покрај Леонардо ди Каприо, други големи имиња кои се очекува да се појават во оваа сè уште ненасловена драма се Емили Блант и Двејн Џонсон, кои исто така ќе бидат продуценти на филмот.

Филмот е заснован на досега нераскажана приказна. Според Deadline, сценариото ќе го пишува Ник Билтон, а заплетот на филмот ќе се фокусира на турбулентен период на Хаваи. Во филмот, амбициозен мафијашки бос ќе се бори со ривалските банди за да ја преземе контролата врз криминалното подземје на Хаваи, пренесува Индекс.

Дедлајн пишува дека филмот би требало да се заснова на вистинска личност, а приказната се одвива во 1960-тите и 1970-тите.

Овој моќен и харизматичен водач на подземјето ја изгради најсилната криминална мрежа на островите, водејќи брутална војна против корпорациите на копното и ривалските синдикати, а во исто време барајќи да ја заштити својата татковина.

Филмот е заснован на досега нераскажаната вистинска приказна за човек кој, во немилосрдна потрага по апсолутна моќ, се обидел да го зачува својот роден град, што доведе до последната голема американска мафијашка сага во која борбата за културен опстанок се одвива на неочекувано место: рајот, пишува Deadline.

Продуценти на овој проект моментално се Мартин Скорсезе, кој ќе го режира и Леонардо ди Каприо, Емили Блант, Двејн Џонсон, Дени Гарсија, Лиза Фрешет и Рик Јорн. Засега не се знае ништо повеќе за самото снимање, можниот датум на премиера и поконкретни детали за филмот.