Раздорот што настана меѓу Меган Маркл и поранешниот уредник на британски Вог Едвард Енифул, нејзиниот поранешен пријател, оди подлабоко од фактот дека тој наводно не можел да ја исполни најавата за насловна страница со Меган во 2022 година, пишува Page Six.
Поранешниот член на британското кралско семејство на модниот уредник му дала список со невозможни барања и се обидела во приказната да ја вклучи семоќната уредничка на американскиот Вог, Ана Винтур.
Дејли мејл оваа недела објави дека Маркл и Енифул имале планови за септемвриското издание на британскиот Вог во 2022 година, кои ќе вклучувале опширни написи за нејзиното појавување на One Young World Summit во Манчестер во списанието и неговите дигитални изданија.
Според извештајот, Маркл инсистирала и на насловната страница, но Енинфул веќе имал планови со Линда Евангелиста, поради што Маркл се повлекла и имала расправија со нејзиниот поранешем пријател.
Тоа, наводно, не била единствената причина. Според пишувањата на светските медиуми, Меган сакала истовремено да се најде на насловните страници на британскиот и американскиот Vogue, но тоа не е се. Покрај тоа што сакала „глобална корица“, Маркл имала и список со други барања.
„Таа сакала контрола врз фотографот, писателот и конечната монтажа, фотографиите и кориците, а сакала и глобално издание“, рече изворот.
Немаше шанси некој уредник да се согласи со овие барања. “Никој не го добива тоа. Дури ни Бијонсе”, вели изворот.
Маркл потоа договори личен повик со уредничката на американскиот Вог, Ана Винтур, која се согласи да зборува од учтивост, но не беше заинтересирана за идеите на Меган бидејќи таа веќе имаше своја ѕвезда – Серена Вилијамс.
Единствената славна личност која се појавила и на британската и на американската насловна страна е пејачката Адел, која тоа го направи во ноември 2021 година.