Актерката Меган Фокс вчера се породи на свет донесе девојче.
Една од најубавите актерки на светот Меган Фокс се породи, а радосната вест со своите обожаватели ја сподели музичарот Машин Ган Кели, таткото на бебето.
Оваа објава, која се појави на неговиот Инстаграм профил, предизвика збунетост кај фановите, бидејќи на многумина не им е јасно дали поранешните партнери се помириле или едноставно ги “закопале секирите” заради приновата.
Раѓањето на бебето дојде неколку часа откако таткото на детето повторно се најде на насловните страници. Имено, поранешниот сопруг на Меган, Брајан Остин Грин, сподели наводни пораки од Кели, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нивните односи.
View this post on Instagram
„Престанете да прашувате кога ќе се роди нашето дете“, гласи една од пораките кои Кели наводно ги испратил. „Престани да се јавуваш во TMZ и фокусирај се на извинувањето што ми го должиш што јавно зборуваваш за мене“, додаде Кели како одговор.
Како што е познато, Меган Фокс и Кели се запознаа на сетот на филмот „Midnight in the Switchgrass“ во 2020 година и почнаа да се забавуваат набргу потоа.
Две години подоцна се свршија, а потоа во ноември 2024 година, додека беа на одмор во Колорадо, раскинаа. Фокс се посомневала одкако видела нешто на телефонот на пејачот поради што таа предвреме го напуштила.
Актерката отсекогаш имала проблеми да му верува на музичарот поради неговото однесување во минатото, но таа беше подготвена да заборави се за доброто на нивното семејство. Само две недели пред раскинувањето објавија дека чекаат дете.
Меган Фокс има три деца со поранешниот сопруг, актерот Брајан Остин Грин – Ноа (12), Боди (10) и Џорни (8).