Мили Боби Браун проговори за бракот: „Се чувствувам како да поминаа две секунди“

popara25 февруари, 20251min00
b_250225165

Актерката Мили Боби Браун неодамна проговори за бракот со Џејк Бонџови.

21-годишната ѕвезда вчера прошета на црвениот тепих за премиерата на новиот филм на Нетфликс „The Electric State“ во Лос Анџелес, а во таа прилика пред медиумите проговори како ѝ поминала изминатата година.

Таа беше придружувана од нејзиниот сопруг Џејк Бонџови, син на познатиот музичар Џон Бон Џови, со кого е во брак од мај минатата година. Нивниот брак беше една од главните теми.

„Мислам дека бракот само ме научи колку треба да си благодарна, како да уживам во врската, љубовта и пријателството“, рече таа.

Ѕвездата од „Stranger Things“ објасни како нејзиниот брак со Бонџови (22) прелетал и ја научил да го цени секој момент.

“Многу сум среќна што сум во брак веќе една година. Се чувствувам како да поминале две секунди. Чувството е како да е прелетано, па мислам дека е важно само да ги цениш и да се задржиш на сите неверојатни моменти што ги доживуваш со твоите сакани”, додала таа.

Нешто повеќе од една година откако ја објавија свршувачката, парот се венча на интимна церемонија пред семејството и пријателите во мај 2024 година, пред да има втора, пораскошна прослава во Италија.

Браун неодамна имаше интервју за Vanity Fair, кое ќе биде објавено во март, каде зборуваше за нејзината улога на сопруга, а исто така откри дека таа и Џејк планираат да го прошират своето семејство.

„Разговаравме за нашите политички ставови, за семејството што сакаме да изградиме, за домот во кој сакаме да живееме, за односот што го бараме и за кариерите што ги сакаме. Тоа е толку важна одлука и сакавме да се увериме дека ја донесовме вистинската. Знаев дека ја донесов вистинската одлука. Секогаш беше добро со него“, рече таа во претстојното интервју.