
Нутриционист објаснува зошто не е добро да се прескокнува вечерата
Повремениот пост и прескокнувањето на вечерата се особено популарни меѓу оние кои сакаат да ослабат. Но дали е добра идеја да се спие со празен стомак?
Нутриционистот Јевгениј Арзамасцев смета дека редовното прескокнување на вечерата може да ја наруши функцијата на телото. Според експертите, кога не јадете навечер, телото тоа го доживува како стрес.
Како одговор на тоа, почнува да произведува кортизол, хормон кој ја зголемува анксиозноста и го нарушува сонот. Нивото на мелатонин, главниот регулатор на циркадијалниот ритам, се намалува, што доведува до несоница, утринска раздразливост и замор во текот на денот.
Хроничниот вечерен глад може да покрене уште еден проблем: ноќни посети на фрижидерот. Честопати, луѓето кои прескокнуваат лесна вечера, се будат навечер мртви гладни и прибегнуваат кон нездрава храна.
Спонтаното грицкање го зголемува ризикот од развој на дијабетес и инфламаторни гастроинтестинални болести.
Нутриционистите советуваат да ги преиспитате своите прехранбени навики. Би требало да вечерате – два до три часа пред спиење. Најдобро е да одберете посно месо, риба, омлет, свежо сирење, јогурт без шеќер или салата од зеленчук со јајца.