
Сабрина Карпентер се појави на синоќешната Мет гала 2025 во облека која веднаш предизвика лавина од реакции. Во согласност со темата на вечерта, таа избра облека во боја на еспресо што многумина ги потсети на нејзиниот истоимен хит „Еспресо“.
Тоа предизвика лавина од коментари
Пејачката одлучи да ги спои елеганцијата, хуморот и сопствениот музички идентитет. Таа на црвениот тепих пристигна во боди во боја на еспресо, преку кое носеше јакна во истата нијанса и долга опашка што личеше на две големи вратоврски, сите во еспресо тонови со мал бел детаљ околу јаката.
Многумина веднаш со ентузијазам ги искористија социјалните мрежи да го коментираат нејзиниот изглед.
„Таа е еспресо! Секако дека е!“, „Облека во боја на еспресо, ми се допаѓа. Сабрина Карпентер, каква жена“, „Изгледа како свежо сварена шолја еспресо!“, „Ја заврши работата!“, се само дел од коментарите.
Но, имаше и такви кои очекуваа повеќе.
„Слатка е, но можеше да направи нешто поинаку со косата“, „Очекував повеќе, но дефинитивно е ода на еспресото“, „Овој изглед ќе беше уште подобар ако имаше поинаков долен дел на пример, драматична здолниште или панталони“, „Ја сакам, но играше премногу на сигурно – а Мет Гала не е место за тоа!“, коментираа други.








Да потсетиме дека песната „Еспресо“ беше вкупно 21 недела во првите 20 на официјалните листи за синглови, вклучувајќи седум недели на првото место. „Еспресо“ исто така помина 14 недели во првите 3 на листата „Глобал 200“ на „Билборд“, достигнувајќи го првото место во јуни минатата година. Исто така, го сруши рекордот за најбрзо достигнување од 1,2 милијарди преслушувања на „Спотифај“.
Темата беше фокусирана на стилот на афроамериканскиот маж
Мет Гала традиционално се одржува првиот понеделник во мај во Метрополитен музејот на уметност во Њујорк, а покрај тоа што ги собира познатите личности од светот на модата, музиката и филмот, има и хуманитарен карактер – се собираат средства за Институтот за костими.
Овогодишната тема ја стави во фокус модната историја на афроамериканските мажи од 18 век до денес. Дрес-кодот „Усогласено за вас“ им даде можност на гостите да го изразат својот стил преку персонализирани кроеви и реинтерпретација на машката мода.