Американската актерка Џена Ортега при нејзиното појавување на „The Late Show with Stephen Colbert“ привлече внимание со фустан кој изгледаше како да е од стакло.
Станува збор за креација на Оскар де ла Рента од колекцијата есен 2025 година. Чини 13.000 долари. Тој всушност не е направен од стакло, туку од тврди парчиња пластика наредени да личат на ливчиња од роза. Ортега призна дека не се чувствувала удобно да го носи.
“Нема да лажам. Секогаш кога ќе седнам, парчиња од него ме забиваат во задникот”, рече таа, а водителот Стивен Колбер се пошегува дека лекарите треба да бидат на штрек.
Таа го комплетираше својот изглед со смела шминка и суптилен накит. За време на нејзиното појавување во шоуто, таа зборуваше за втората сезона од серијата „Wednesday“, која ќе излезе на Нетфликс подоцна оваа година.
„Лејди Гага ни се придружи. Многу сме возбудени“, рече таа.
Детали за улогата за која Лејди Гага е избрана сè уште не се познати. Сепак, магазинот Variety тврди дека тоа е споредна улога. Без разлика, многу гледачи со нетрпение ја очекуваат оваа серија.