
Ако сакате брз начин да ја освежите вашата рутина за шминкање, погледнете го „Методот 53“ – вирален трик за убавина кој го освои TikTok.
Необичната техника на контурирање му дава на вашето лице дефиниран и подигнат изглед, а е лесна дури и за почетници.
Што е „Методот 53“?
Името доаѓа од обликот што бронзерот и хајлајтерот го формираат на лицето со „5“ од едната страна и „3“ од другата. Овие броеви симболично ги претставуваат местата каде што треба да се нанесат производите: челото, јаболчниците и вилицата.
Еве како функционира:
-Бронзерот се нанесува во форма на бројот 5 на едната страна од лицето, а 3 на другата, покривајќи го челото, јаболчниците и вилицата
-Хајлајтерот или коректорот се нанесува на средината на челото, под очите, линијата на носот и брадата
-Блендирањето е клучно – транзициите мора да бидат нежни за лицето да изгледа природно затегнато и освежено
Зошто сите зборуваат за оваа техника?
Лесна е за изведување, дури и ако немате многу искуство со шминкање. Работи со која било текстура, крем или пудра. Многу е флексибилна и може да се прилагоди на која било форма на лице.
Лицето изгледа посвежо, потенко и професионално нашминкано, без потреба од скапи третмани. Идеално е и за дневна и за вечерна шминка, пишува Informer.