Следните пет навики се чести и кај луѓето кои внимаваат на својата фигурна и на своето здравје. А всушност поради нив може само да ги зголемат килограмите. Кои навики спречуваат да ослабнете?
- Не пиете доволно вода
Дехидратацијата го забавува организамот. А тоа го отежнува слабеењето. Не чекајте грлото да ви се исуши. Наместо тоа, често пијате вода.
- Често јадете надвор
Храната во рестораните е полна со маснотии, сол и шеќер- трите нешта кои и даваат вкус на храната и послесно ја продаваат. Поради тоа јадете повеќе и почесто внесувате повеќе калории отколку што ви требаат. Сѐ што би подготвиле дома во главно би имало помалку калории.
- Не спиете доволно
Многумина ги мачи несоница, но сепак и по ручекот пијат кафе. Три часа пред одењето во кревет не е добро да јадете , ниту да пиете кафе. Така полесно ќе заспиете и ќе внесете помалку калории.
- Мислите дека забрзаниот начин на живот ги топи калориите
Стресот всушност здебелува. Со појавата на стрес се зголемува нивото на кортизол, а хроничниот стрес предизвикува хронично зголемување на нивото на кортизол во крвта. Ова го забавува организамот и доведува до потреба од храна ( емоцинално прејадување).
- Секојпат вежбате исто
Секој пат кога вежбате, ги правите истите вежби. Користите исти справи, ист ритам. Поради овие рутини напредокот ќе забави или ќе застане. Телото се навикува на напор и престанува да слабее. Но, не треба да вежбате подолго, доволно е само да го забрзате ритамот и интензитетот на вежбите. Не престано менувајте ја брзината и интензитетот, така што мускулите постојано ќе се приспособуваат.