Намалува апетит, ги топи масните наслаги и го забрзува метаболизмот: Диетата со полента дава резултати за само 4 дена

popara15 август, 20252min00
676 (2)

Диетата со полента го намалува апетитот и ги согорува масните наслаги, а нејзините рецепти се едноставни.

Полентата обично се прави од жолто пченкарно брашно, но не можете да погрешите ниту со бело брашно. Една чаша жолто пченкарно брашно содржи околу 8,5 г влакна, што е дури 34% од препорачаниот дневен внес за жени и 22% за мажи.

Содржи многу малку калории (100 грама варено пченкарно брашно има само 70 калории), а тајната на оваа диета е што полентата е многу богата со влакна, кои апсорбираат вода, отекува и создава долготрајно чувство на ситост и спречува прејадување.

Диетата со полента трае четири дена, а можете да ја повторувате секоја недела со примена на оваа диета четири дена, а другите три дена да јадете нормално, пишува Најжена.

Понеделник

Појадок: 100 г полента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица

Ручек: 100 г полента, 50 г урда и еден домат

Вечера: 100 г полента, чаша кефир

Вторник

Појадок: 200 г полента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица

Ручек: 200 г полента, 50 г урда и еден домат

Вечера: 100 г полента, чаша кефир

Среда

Појадок: 200 г полента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица

Ручек: 200 г полента, 50 г урда и еден домат

Вечера: 200 г полента, чаша кефир

Четврток

Појадок: 200 г полента, чаша јогурт со ниска масленост и една краставица

Ручек: 300 г полента, 50 г урда и еден домат

Вечера: 200 г полента, чаша кефир.