Направете крофни како од пекара: Рецепт со кој не може да погрешите

popara13 мај, 20251min00
b_250513153

Доколку го сакате вкусот на крофните, ова слатко уживање можете да го направите дома, а рецептот што го најдовме ветува вкус исто како оној што го добивате во пекара.

За подготовка ќе ви требаат околу 15 минути, но тестото ќе треба да „одмори“ еден час пред да бидат подготвени за пржење.

Состојки:

кеса со квасец
200 мл загреано млеко
2 лажици шеќер
200 мл млака вода
650 гр брашно
половина лажичка сол
75 мл масло
2 јајца

Дополнително:

масло за пржење
шеќер во прав

Подготовка:

Во загреаното млеко додадете квасец и една лажица шеќер. Додадете млака вода и оставете 10 минути додека не набабри.

Додадете 75 мл масло, па изматете две јајца и додајте во смесата. Потоа додадете ја солта и брашното, по малку, додека ја мешате смесата.

Замесете тесто и оставете го да отстои еден час. Расукајте го тестото и исечете го на кругови со помош на чаша. Пржете на врело масло додека не поруменат од двете страни. Посипете ги со шеќер во прав.