Наскоро ќе се снима петтата сезона на „Емили во Париз“: Во кој град ќе се одвива?

popara2 март, 20251min00
63029793-scene-iz-serije-emily-u-parizu

Обожавателите на серијата „Емили во Париз“ беа многу среќни кога минатата година дознаа дека снимањето на петтата сезона на оваа популарна романтична комедија е официјално потврдено. Многумина едвај ги чекаат новите авантури на Емили, како и нејзините уникатни модни комбинации.

Новата сезона на популарната хит серија внесува свежа динамика во животот на Емили. По бурните настани од четвртата сезона, Емили ќе се обиде да најде баланс помеѓу работата и личниот живот.

Љубовниот живот на Емили Купер отсекогаш бил во центарот на вниманието, а се чини дека петтата сезона нема да биде исклучок.

Продукцијата на петтата сезона ќе започне во мај оваа година, а се очекува да биде објавено кон крајот на 2025 година.

Дали Емили се враќа во Париз?

Што се однесува до темата која крена бура и предизвика реакција дури и од францускиот претседател Емануел Макрон, онаа за локацијата на снимањето, петтата сезона ќе се одвива во два од најромантичните европски градови – Париз и Рим. Да, Емили конечно се враќа во градот каде што припаѓа – Париз.