НАЈБРЗАТА ПИТА СО СИРЕЊЕ: Готова за 5 минути, а ѝ нема рамна по вкус

popara6 јули, 20251min00
70108_pita-sa-sirom-gibanica-shutterstock-1867411762_f

Ви треба:

2-3 кори за пита
150 г урда
1 јајце
1 лажица павлака или јогурт
сол по вкус
малку масло

Подготовка:

Во сад, изгмечете го сирењето и додадете го јајцето, павлаката и малку сол. Добро измешајте. Премачкајте ги корите со масло. Премачкајте дел од филот врз едната кора и преклопете ја. Печете ја питата во тава без масло, околу 2 до 3 минути од секоја страна.