Најдобриот начин да исчистите сребрен накит и да му го вратите стариот сјај

popara8 мај, 20251min00
b_250508077

Со текот на времето, дури и најубавите парчиња сребрен накит можат да го изгубат својот сјај и да потемнат. Ова често се случува поради изложеност на влага, хемикалии и секојдневно носење.

Иако постојат бројни совети за чистење накит дома, важно е да знаете кои се навистина ефикасни, а кои можат да предизвикаат трајно оштетување.

Еден од поефикасните методи за чистење на сребрен накит вклучува употреба на алуминиумска фолија, сода бикарбона и сол.

Постапката е многу едноставна. Сад обложете со алуминиумска фолија, додадете по две лажици сода бикарбона и сол, а потоа прелијте го со зовриена вода за целосно да ги покрие парчињата накит. Откако ќе ги оставите да отстојат пет до десет минути, нежно исчистете ги со мека четка за заби. На крајот, исплакнете ги со млака вода и исушете ги со мека крпа.

Покрај правилното чистење, многу е важно и како го чувате вашиот накит. Влагата е една од главните причини зошто среброто потемнува, па затоа се препорачува накитот да се чува во кутии обложени со памук, кој ја апсорбира вишокот на влага. Исто така, хемикалиите од кремите и маслата за тело може негативно да влијаат на металната површина, па затоа се советува да носите накит само откако производите целосно ќе се апсорбираат во кожата.

Иако многумина препорачуваат користење паста за заби, кечап или сок од лимон за чистење на накит, експертите советуваат да се внимава. Овие производи содржат киселини или абразивни состојки кои можат да предизвикаат микро-оштетување, промена на бојата или дури и да ги ослабат врските помеѓу металот и скапоцените камења.

Ако сакате вашиот сребрен накит да остане сјаен и долготрајно, изберете методи кои се безбедни и докажани и избегнувајте производи кои можат да направат повеќе штета отколку корист.