По непроспиените новогодишни ноќи, подготовката на пилешка супа би можела да ви помогне да го регенерирате телото и организмот.
Домашната пилешка супа со зеленчук ќе ги врати потребните течности во вашето тело и ќе ги обезбеди хранливите материи потребни за побрзо закрепнување. Лесна е и за стомакот, па затоа е еден од најдобрите избори за вакви денови.
Потребни состојки:
1/4 корен од целер, 600 грама моркови, црвен кромид, 1 кг пилешко, лист зелка, лист кељ, корен од магдонос, ловоров лист, бибер и сол по вкус
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во тенџере со ладна вода и се загреваат додека не зовријат, па се динста на тивок оган два до три часа. Послужете и уживајте во омилената топла супа.