Тостерот е еден од апаратите за домаќинство што често се користи во секое домаќинство, а по употребата важно е правилно да се исчисти.
Одржувањето на тостерот не мора да биде комплицирано, а со неколку едноставни чекори можете ефективно да го исчистите.
Кога чистите, важно е да ги отстраните преостанатите трошки од храна за да не продолжат да се таложат. Најпрво, треба да го исклучите тостерот од струја, да го извадите садот за трошки, кој се наоѓа на долната страна на тостерот и лесно се вади.
Испразнете го садот, а потоа измијте го со топла вода и детергент и истресете ги дополнителните трошки.
Свртете го тостерот преку канта и нежно протресете за да отстраните се што останало внатре. После тоа, избришете ја надворешната страна на апаратот и користете малку влажна крпа за да отстраните отпечатоци од прсти, маснотии или прашина.
Редовното чистење ќе го продолжи животниот век на вашиот апарат и ќе се погрижи секое наредно парче тост да биде повкусно.
За правилно одржување на тостерот, се препорачува редовно да го празнете садот за трошки, барем еднаш неделно или почесто ако го користите тостерот почесто. На овој начин ќе го спречите таложењето и непријатниот мирис на изгорените остатоци од храна.