На холивудска актерка ѝ се скина фустанот на „незгодно место“, два пати ѝ падна (ВИДЕО)

popara18 март, 20251min00
Screenshot_4

Кејт Хадсон се појави на проекција и панел дискусија на серијата Running Point, во која глуми, а за таа прилика избра црн фустан со големи шлицови.

 

 

 

 

 

Но, во еден момент фустанот се искина на левата страна. Погледнете го видеото.

 

„Го направив ова намерно“

 

Актерката брзо реагирала и ги покрила градите со рака и почнала да се смее. Нејзината колешка Бренда Сонг застанала пред неа за да ја заштити од љубопитните очи, а на помош ѝ дошле и актерот Џастин Теру и модераторката Саманта Бери.

 

„Ова намерно го направив“, се пошегувала таа, но само половина час подоцна ѝ се случи истото, па пукнала од смеење: „Толку се возбудив“.

Серијата доби пофалби

 

Во хумористичната серија на Нетфликс, Хадсон ја игра Исла Гордон, која е одвоена од семејниот бизнис поради нејзиниот бунтовнички дух, но потоа добива можност да води еден од најуспешните кошаркарски тимови, ЛА Вејвс. Серијата доби одлични критики од критичарите и публиката, а доби висока оцена од 7,5 на IMDb.