Неколку причини зошто сексот е добар за вашето здравје: Како редовниот секс може да ви го освежи мозокот и да ви ја зголеми енергијата

popara17 јуни, 20251min00
Screenshot_12

Нормално дека сексот е здрав, но дали знаевте дека добриот сексуален живот овозможува некои конкретни здравствени подобрувања?

1. Може да ве направи послаби

Сексот согорува помеѓу 75 и 150 калории на половина час. Може да се спореди со други физички активности како што се јогата, танцувањето или шетањето.

2. Може да го поправи здравјето на вашето срце

Здравата диета, одржувањето на нискиот холестерол и натриумот се сјајни начини да се грижите за здравјето на срцето, но истото важи и за водењето на љубов. Сексот е вежба која го забрзува чукањето на срцето и го подобрува крвотокот. Истражувачите откриле дека ако имате секс два или повеќе пати неделно, ризикот од срцев удар се намалува за половина.

3. Подобро ќе спиете

Кога чајот од камилица и другите лекови не делуваат, сексот може да помогне. Длабокото опуштaње кое обично е проследено со оргазам можеби е единственото време кога луѓето си дозволуваат потполно да се опуштат.

4. Може да го зајакне вашиот имунитет

Ако сте загрижени поради грипот и вирусите, можете да направите нешто за да го зајакнете вашиот имунитет. Истражувањата покажале дека лицата кои имаат секс еднаш или два пати неделно имаат 30% поголемо ниво на антитела кои се нарекуваат имуноглобулин А, кој е познат по тоа што го зајакнува имунитетот.

5. Може да го поправи вашето ментално здравје

Најбрзиот начин да го поправите расположението, да се изборите со депресијата и анксиозноста е токму сексот. Психолошки, сексот го подобрува менталното здравје така што изградува интимност и го намалува стресот намалувајќи го и нивото на хормонот кортизол. Со тоа се намалуваат шансите дека ќе добиете висок крвен притисок, хипергликемија и зголемини киселини во желудникот.