Немате енергија? Вклучете ги овие намирници во вашата исхрана, тие многу добро се борат со топлината

popara7 јули, 20251min00
Screenshot_29

Масната или слатката храна, како и јадењата кои содржат многу јаглехидрати не се препорачливи кога надвор температурите се екстремно високи. Од друга страна, добредојдена е топлата храна која го поттикнува потењето на телото, а со тоа го забрзува и процесот на ладење.

Сепак, се препорачува консумирање шолја топол напиток или супа навечер затоа што можат да ви помогнат полесно да заспиете. Во текот на денот, нутриционистите препорачуваат да ги замените интегралните житарки и месото со овошје и зеленчук. Во продолжение прочитајте кои намирници се идеални против жештината.

Лубеница

Лубеницата содржи аминокиселина наречена цитрулин која ги опушта крвните садови и му помага на телото да се ослободи од топлината.

Кокосово млеко

Кокосовото млеко е добар извор на витамин Б12 кој ги намалува заморот и исцрпеноста.

Спанаќ

Спанаќот го држи под контрола крвниот притисок, а на тој начин го олеснува ладењето на организмот.

Куркума

Куркумата ја подобрува циркулацијата и има антиинфламаторно дејство.

Чај од хризантема

Чајот од хризантема ја намалува температурата на телото и го забрзува процесот на ладење.

Мелена лута пиперка

Мелената лута пиперка ја намалува високата температура, а може да биде ефикасна и против главоболки предизвикани од долго изложување на сонце.