Необична традиција: Ден кога е дозволено да се фрлаат работи низ прозор

popara1 јануари, 20251min00
1735652106-pexels-kara-de-leos-376703-1005477-1024x683

Доколку се најдете на улиците на Буенос Аирес на новогодишната ноќ, подгответе се за следнава глетка: улици преполни со стуткани и исечени хартии кои Аргентинците ги фрлаат низ прозорците.

И не, не станува збор за вандализам, загадување на животната средина или невнимание, што би било легитимно да се мисли… Освен тоа, кога ќе ја дознаете причината, веројатно ќе сакате да им се придружите или да го воведете овој обичај во вашата земја.

Имено, вработените кои работат во разни фирми на новогодишната ноќ фрлаат лоша енергија и стари работи низ прозорец – а со нив летаат разни потсетници, писма, документи… Се што повеќе не е потребно и што зафаќа простор.

Како и обично, реакциите се страсни. Некои Аргентинци уживаат во оваа традиција и самите учествуваат во неа, но ќе ги најдете и оние на кои оваа традиција им е одбивна и веруваат дека го осквернува градот. Претпоставуваме дека меѓу нив има и градски санитарни работници кои во наредните денови ќе имаат полни раце работа.

Ова ја симболизира желбата да се влезе во новата година со чисто биро – а со тоа и чист ум – и подготвен за нови предизвици, пишува Pun kufer.