Потребно е:
250 гр омекнат путер
100 гр шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
2 лажички мед
1 лажица рендана кора од лимон
прстофат сол
500 гр брашно
1/4 лажичка прашок за пециво
4 супени лажици сок од лимон
За посипување:
2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете го путерот со шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и медот. Измешајте ја кората од лимон, малку сол, брашното, прашокот за пециво и сокот од лимон. Замесете мазно тесто, па свиткајте го во кеса и оставете го во фрижидер еден час. Тестото се замесува кратко без да се додаде брашно. Расукајте на набрашнета работна површина до дебелина од 5мм. Исечете форми по желба. Непечените колачиња премачкајте ги со малку вода и посипете ги со ванилин шеќер. Печете ги бисквитите 12 до 13 минути, во рерна загреана на 180 степени, односно додека не поруменат.