За роденденот на ќерка ѝ Лилибет, Меган Маркл сподели видео направено пред четири години, во болница, пред породувањето. На видеото, таа и принцот Хари танцуваат и тверкаат. Сепак, на јавноста, особено на Британците, не им се допадна видеото, па ја нарекуваат Меган „очајна за внимание“.
Вчера (04.06) ќерката на Меган Маркл и принцот Хари го прослави четвртиот роденден.
По тој повод, Меган сподели фотки од неа, но објави и навистина бизарно видео.
На првата објава има две фотки – на едната се гледа Лилибет како бебе и Меган ја држи во раце, а на втората, која е понова, малку се гледа и лицето на девојчето.
„Среќен роденден на нашето убаво девојче. Пред четири години таа дојде во нашите животи – и секој ден е посветол и поубав поради ова.
Им благодариме на сите кои ни испраќаат љубов и кој го слават нејзиниот посебен ден“, стои во описот.
Слични се фотките и на втората објава, само овој пат Лилибет е со татко ѝ Хари.
„Најслатката врска што се развива пред мои очи. Малото девојче и омилениот авантурист на тато. Среќен роденден Лили!“ – стои во описот.
Третата објава е видео и се соочи со потсмев, но и критики од јавноста. Бизарното видео е снимено во болница, пред Меган да ја роди Лилибет.
Најпрво во кадар е Меган која почнува да танцува, а потоа се појавува и Хари. По некое време тие почнуваат и да тверкаат, а во опис Меган вели дека танцот бил со надеж дека ќе почне породувањето.
„Денес, пред четири години, се случи и ова. И двете наши деца се родија една недела по датумот за породување…
Па, кога лутата храна, пешачењето и акупунктурата не функционираа – остана само уште едно нешто што можеме да направиме!“
Опцијата за коментирање на објавата е исклучена, но видеото се споделува на социјалните мрежи каде многумина му се потсмеваат на парот, но и го критикуваат.
Меган и Хари велат дека пробуваат да избегаат од вниманието на јавноста, но некои сметаат дека со ова видео го покажуваат спротивното – дека сакаат внимание.
Други коментираат дека иако можеби се забавувале, ова видео не е достојно за некој кој потекнува од кралско семејство. Најмногу критики доаѓаат од Британци кои ги замразија Меган и Хари откако го напуштија кралското семејство.
„Колку ужасен пар се. Кој сака да го гледа ова? Немаат ли срам?“
„Можете ли да замислите Кејт Мидлтон и Вилијам да се однесуваат вака?“
„Дали ова е дел од нивниот обид да ја скријат приватноста од јавност?“
„Ова е веќе очајно. Јасно е дека никогаш не сакале приватност. Меган мислеше дека ќе има моќ ако се омажи за принц“.
„Меган сака да се натпреварува со Вилијам и Кејт, но тие се многу класи над нив“.
Сепак, некои велат дека не е во ред парот да биде толку остро критикуван:
„Видов илјадници тажни коментари за пар кој се забавува за време на најболниот период од животот на една жена – породување. Можеби видеото е засрамувачко, но не ги навредувајте“.
„Мене ми се допаѓа. Слатко е и покажува дека и тие се само луѓе“.
„Се однесуваат како секој обичен пар. Не знам зошто сте шокирани“.
Кликнете ТУКА за да го изгледате видеото