
Иако има 82 години, Харисон Форд сè уште сонува за возбудливи улоги кои би го предизвикале како актер.
Покрај премиерата на втората сезона од хит серијата „1923“ деновиве во Лос Анџелес, Форд ја сними и серијата „Shrinking“ како и филмот „Captain America: Brave New World“ и нема намера да застане тука, пренесува tportal.
Тој само го коментираше неговиот напорен распоред на последната премиера, велејќи дека е „малку премногу насекаде“, но ги откри и плановите да се пензионира со сопругата Калиста Флокхарт.
На прашањето што може да го натера да се пензионира и да поминува повеќе време дома со својата сопруга, Харисон Форд духовито рече: „Ако го заборавите моето име“.
Инаку, Харисон Форд е во брак со актерката Калиста Флокхарт од 2010 година. На прашањето дали и таа е обожавател на Марвел, Форд рече дека „не го гледала филмот“.
Двојката живее далеку од метежот и вревата на Холивуд, на нивниот прекрасен ранч во Вајоминг. Харисон Форд го купил овој имот во раните 80-ти, а покрај таа куќа имаат и замок во Брентвуд.