Не треба да ги фрлате лушпите од чешниња лук бидејќи тие можат да бидат корисни и за подготовка на прилози.
Британскиот готвач Алесандро, кој е познат на социјалните мрежи како „Зачинети мустаќи“, употребил голема количина лук и кромид во едно видео. Секако, не мора да ги користите и двете.
Откако ќе ги измие и ќе ги исуши лушпите, ги става на плех за печење и ги пече околу пет минути на 160 степени. Откако ќе станат крцкави, Алесандро ги меле до фин прав, додавајќи сол, црн пипер, пиперка и чили.
Тој изјави дека оваа мешавина од зачини е идеална за помфрит. Тој исто така наведува дека со лушпите можете да мешате медитерански билки, копар и слично.
Можете да користите чешниња лук и за уште една работа. Измешајте ги со зачини, зеленчук и коски што остануваат од месото. Крчкајте неколку часа, процедете и ќе добиете домашен фонд кој е совршен за супи и чорби.