Џенифер Лопез замина на одмор со семејството за да ја дочека Новата година. Како и вообичаено таа објави видео со низа фотографии од интересните моменти на уживање, но најголемо внимание привлече нејзината фотографија во минијатурното бикини.
Имено, таа ја дочека Новата година во Аспен, Колорадо со своите најблиски, а жешките кадри од Џенифер ја разгореа фантазијата на нејзините следбеници. Лопез на фотографијата позираше во црно минијатурно бикини кое го искомбинира со крзнени чизми и каубојска капа, а носеше и ланче во форма на срце.
„Ќе се вратиме во Аспен“, напиша кратко таа покрај објавата од одморот.
На обожавателите не им требаше многу време да ја опсипат со разни комплименти.
„Но оваа фотографија од бикини, преубава“; „Аспен штотуку поскапе“; „Едноставно убава“; „Мило ми е што гледам колку си позитивна“; „Се надевам дека уживаш во семејните моменти“, беа дел од коментарите.