Не се во тренд ниту црни, ниту бели: Патиките во оваа боја се ХИТ оваа пролет, одат и со фустани

popara14 март, 20251min00
116853_patike-shutterstock-2018060684_f

Еден од најголемите хитови за пролет 2025 се сребрените патики. Благодарение на нивниот сјаен, но сепак универзален изглед, сребрените патики со метален сјај се многу ефикасни и практични. Лесно се комбинираат со различни стилови, од спортски до елегантен стајлинг. Сјајниот метален изглед додава посебен шарм на секоја комбинација, што ги прави совршен додаток за речиси секоја пригода.

Брендови кои го водат овој тренд

Брендовите како Adidas, New Balance и Nike веќе лансираа свои колекции на сребрени патики. Трендот на сребрени патики не ги заобиколи познатите трендсетерки и модни икони. Бела Хадид и Емили Ратајковски веќе ги прошетаа.

patike

Како да комбинирате сребрени патики?

Сребрените патики се разноврсни и можат да се носат на различни начини. За опуштен изглед комбинирајте ги со фармерки и едноставна маичка. За поелегантен изглед, спојте ги со здолниште или елегантни панталони. Сребрените патики се совршен избор за оние кои сакаат да додадат малку сјај и тренд во својата гардероба, а сепак да уживаат во удобноста.