Никол Кидман освои награда на меѓународниот филмски фестивал во Палм Спрингс за нејзината изведба во „Babygirl“. Наградата и ја посвети на својата покојна мајка, пренесува Yahoo.
Кидман најпрво и се заблагодари на режисерката на филмот Халина Рејн што ја вработила, а потоа ја спомна нејзината мајка и истакна дека таа сè уште тагува заради нејзината смрт. Потоа таа пукна во солзи.
„Ти благодарам што ми даде можност да кажам „ова е за мајка ми“ Целата моја кариера е за мама и тато, кои сега не се тука. Ќе продолжам да работам и да му давам на светот затоа што го сакам тоа што го работам. И ве сакам сите, многу сум благодарна што ја имам привилегијата да бидам дел од филмската заедница.“ рече таа.
„Жал ми е што плачам, не сакав, но сега ја чувствувам мајка ми, па ова е за неа“, додаде таа.
Кидман ги пропушти проекциите на „Babygirl“ во Венеција и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември за да биде со своето семејство откако дозна за смртта на нејзината мајка.
Жанел умрела додека Никол била во Венеција.
Џенел Кидман почина на 83-годишна возраст. Никол ја дознала тажната вест додека била во Венеција. Таа итно отпатувала дома, а наградата на нејзино место ја прими режисерката на филмот Халина Рејн, која ја прочита нејзината изјава.
„Денес пристигнав во Венеција и набргу потоа дознав дека мојата прекрасна, храбра мајка Џенел Ен Кидман штотуку почина. Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа, таа ме обликуваше, ме водеше , таа ме инспирираше. Исклучително сум благодарна што преку Халина можам да ви го кажам нејзиното име на сите.“
Кидман била многу блиска со мајка си која имала здравствени проблеми, а за неа се грижела актерката.