Новата крими трилер серија „MobLand“ со Пирс Броснан и Том Харди во главните улоги го собори рекордот на платформата Paramount+ со објавувањето на првата епизода.
Серијата беше премиерно прикажана на 30 март, а во првата епизода имаше 2,2 милиони гледачи, соборувајќи го рекордот на стримерот на глобално ниво.
„MobLand“ го следи ликот на Пирс Броснан, кој е глава на криминално семејство, кое се бори за моќ во светот на криминалот. Во серијата играат Том Харди, Хелен Мирен, Педи Консидин, Џоан Фрогат, Лара Пулвер, Енсон Бун, Мандип Дилон, Јасмин Џобсон, Џеф Бел, Даниел Бетс, Лиза Дван и Емили Барбер.
„MobLand“ е продуциран и режиран од Гај Ричи и е негова прва ТВ серија за Paramount+.
Серијата, која е продуцирана во соработка со Showtime/MTV Entertainment Studios и 101 Studios, ја создал и напишал Ронан Бенет заедно со Џез Батерворт.
На Rotten Tomatoes, MobLand има позитивен рејтинг на критичарите од 78 проценти, со критики кои ги фалат главните ликови и жестокиот тон на серијата.
„Одлична актерска екипа за оваа морничава и малку сапунска мелодрама „MobLand““, „Сјајот на Том Харди доминира во серијата“, „MobLand“ е брза и интензивна криминална серија со високи влогови што не се чувствува сосема ново“, „Броснан и Мирен се возбудливи за гледање“, се дел од критиките на критичарите.