Нова слика од принцезата Шарлот ја шокираше јавноста: Вака Кејт и Вилијам ѝ честитаа роденден

popara3 мај, 20254min00
91286_profimedia-0881818966_f

Принцезата Шарлот денес полни 10 години, а за да го одбележат нејзиниот роденден, Кејт и Вилијам објавија нова фотографија – направена од Кејт за време на семејна прошетка.

На сликата, Шарлот носи камуфлажна јакна и ранец, насмевнувајќи се додека зад неа се отвора поглед на природата. Иако Кејт ја направи фотографијата претходно оваа година во Камбрија, таа беше објавена денес со пораката: „Среќен 10-ти роденден, принцезо Шарлот!“ и емотикон во форма на срце.

И покрај тоа што нејзините родители се погрижија нејзиното детство да биде што е можно помирно, принцезата е сè уште миленичка на јавноста – а реакциите на фотографијата го потврдуваат тоа. Коментарите беа полни со честитки, но и изненадување од нејзиниот „непринцовски“ стајлинг.

Шарлот е второ дете на Вилијам и Кејт, а покрај неа, парот ги има и синовите Џорџ и Луис.