Акциониот трилер „Flight Risk“, во режија и продукција на оскаровецот Мел Гибсон, беше премиерно прикажан вчера. Иако многумина се надеваа на возбудлив проект со оглед на кариерата на Гибсон, филмот наиде на негативни критики.
Сценариото за филмот го напиша Џеред Розенберг, а главните улоги ги толкуваат Марк Волберг, Мишел Докери и Тофер Грејс. Приказната го следи агентот на ФБИ, Докери, кој има задача да го придружува клучниот сведок Грејс на судењето на озлогласениот мафијашки шеф.
Меѓутоа, за време на летот, агентот и сведокот откриваат дека нивниот пилот Волберг е всушност изнајмен убиец, чија задача е да го елиминира сведокот. Откако ќе успеат да го надмудрат пилотот, откриваат дека не се единствените кои сакаат нивна смрт.
Филмот е создаден во соработка со продукциските компании Lionsgate, Icon Productions и Davis Entertainment Company.
На популарната филмска веб-страница Rotten Tomatoes, „Flight Risk“ моментално има само 20% позитивни критики од професионалните критичари, додека има нешто подобар резултат кај публиката, со 61% позитивни мислења. Сепак, многумина веќе го сметаат за еден од најголемите неуспеси во кариерата на Гибсон.
Критичарите се согласија дека филмот не ги исполни очекувањата. Џек Мартин за порталот Film Feeder изјави дека „Flight Risk“ веројатно ќе останел незабележан да не биле познатите лица зад камерата, додека Рајан Скот од порталот Slash Film го опишал филмот како „првиот ужасен филм во режисерската кариера на Гибсон“.
Џозеф Томастик за Loud and Clear Reviews исто така немаше пофални зборови, велејќи дека едвај го чека крајот на филмот и додаде дека ќе беше поинтересно ако авионот се урнеше, бидејќи тоа ќе го направи заплетот повеќе напната.
И покрај лошите критики, реакциите на гледачите беа поделени. Додека некои од Rotten Tomatoes изразија разочарување и го оценија филмот како еден од најлошите што ги виделе, други уживаа во акционите сцени и хуморот што ги нуди филмот.