Нови детали од смртта на глумецот Џин Хакман: Сопругата починала една недела пред него

popara8 март, 20251min00
Gene Hackman and Wife Betsy Arakawa Found Dead In Santa Fe Home **FILE PHOTOS**

Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивниот дом на крајот на февруари, а сега истражителите конечно открија што ја предизвикало нивната смрт.

Инспекторите свикаа прес-конференција денеска за да ја информираат јавноста за околностите околу смртта на актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава.

Според резултатите од обдукцијата, д-р Хедер Џерел пријавила дека сопругата на Хакман починала од пулмонален синдром Хантавирус. Немало знаци на насилна смрт, а истражителите заклучиле дека Бетси починала од природна смрт. Инспекторите соопштија дека Бетси најверојатно починала на 11 февруари.

Лекарот, исто така, рече дека Хакман имал напредната Алцхајмерова болест и починал од срцеви заболувања. Таа изјавила дека не може со сигурност да се одреди точниот датум на неговата смрт, но дека неговиот пејсмејкер ја забележал последната срцева активност на 18 февруари.

Инспекторите објавија дека не нашле докази за насилна смрт.

Хантавирусот е болест која се пренесува од животно на човек, но не и од човек на човек. Д-р Ерин Фипс рече дека во изминатите 50 години во државата Ново Мексико имало 136 случаи на глувчешка треска и дека во 42 отсто од случаите болеста предизвикала смрт. Глувчешката треска се пренесува преку урина, измет или плунка на глувци.

Истражувачите пронајдоа траги од глувци во домаќинството, а Фипс рече дека постои шанса Бетси да се заразила со инфекцијата во нејзиниот дом.

Докторката Хедер Џерел изјавила дека Џин Хекман живеел во куќата со својата мртва сопруга и дека поради напредната деменција можно е да не бил ни свесен за фактот дека неговата сопруга починала. Рекла и дека не јадел, но дека на неговото тело не нашле знаци на дехидрација.

Заедно со телата на Хекман и неговата сопруга, пронајдено е и телото на нивното куче, чија причина за смртта се уште е под истрага. Шерифот на округот Санта Фе Адан Мендоза рече дека истрагата е сè уште отворена додека не се разјаснат сите околности, вклучително и смртта на кучето.