Новото истражување покажува дека мажите се заљубуваат почесто од жените

popara6 март, 20251min00
Screenshot_2

Истражувачите од Австралискиот национален универзитет открија разлики во заљубувањето меѓу мажите и жените во новото истражување. Тие рекоа дека мажите во врската се „маѓепсуваат“ еден месец порано отколку жените и дека е поверојатно да го направат првиот потег и да кажат „те сакам“.

 

 

 

 

Исто така, мажите, во просек, почесто се заљубуваат, додека жените се попосветени и имаат поинтензивни романтични чувства, поминувајќи повеќе од половина од своите будни часови размислувајќи за своите партнери.

 

Истражувачите во студијата објавена во списанието „Бајолоци оф секс диференсес“ (Biology of Sex Differences) велат дека разликите можеби се сведуваат на вродените приоритети – мажите се водени од потребата да имаат многу различни партнери, додека жените се попребирливи и бараат „квалитет“ наместо квантитет во врската.

 

Научниците анкетирале повеќе од 800 луѓе на возраст меѓу 18 и 25 години кои биле заљубени и во врски. Откриле дека мажите се заљубуваат околу 12 отсто почесто од жените, во просек 2,6 пати наспроти 2,3 пати, пишува „Дејли мејл“.

 

Мажите исто така имале речиси двојно поголема веројатност да се заљубат пред официјално да започнат врска од жените. Тие исто така се заљубувале побрзо, во просек еден месец порано од жените.

 

Жените се повнимателни и во просек им требаат 1,92 месеци за да развијат интензивни чувства. Исто така, жените размислувале за својата сакана 54 отсто од нивните будни часови, наспроти 44 отсто од мажите.

 

„Заљубувањето еден месец порано им дава на мажите поголема можност да го искористат за додворување и да покажат романтична наклонетост како искрен знак на посветеност“, забележале истражувачите.

 

„Мажите се со поголема веројатност да се заљубат отколку жените бидејќи нивните вродени приоритети го фаворизираат квантитетот пред квалитетот на потенцијалните партнери, додека спротивното важи за жените. Сето ова е во согласност со вродените приоритети во изборот на партнер, при што жените се поселективни од мажите“, откриле тие.