Обновете ја косата по морето: 3 природни маски кои ќе ѝ го вратат сјајот и еластичноста

popara1 август, 20252min00
676 (2)

Летното сонце и морската сол можат сериозно да ја исушат и оштетат вашата коса. Ако сакате да го вратите нејзиниот сјај, мекост и здрав изглед, пробајте ги овие три природни маски.

За да ја обновите косата по одмор, не мора да трошите пари на скапи производи, туку пробајте една од овие три маски што можете да ги направите дома.

Еве три едноставни рецепти што можете да ги пробате дома.

Хранлива маска од авокадо

Состојки:

зрело авокадо
лажичка маслиново масло
лажичка мед
јајце

Подготовка и употреба:

Изгмечете го авокадото и измешајте ги сите состојки додека не добиете мазна смеса. Нанесете рамномерно на косата, од коренот до врвовите. Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Маска од алое вера – за раст и сјај

Состојки:

свеж лист од алое вера
лажичка бадемово масло

Подготовка и употреба:

Исечете лист од алое вера по должина и извадете го гелот, а потоа измешајте го со бадемово масло. Нанесете на краевите и должините на косата, а потоа завиткајте ја косата во пластична фолија или кеса. По 20 минути исплакнете со топла вода.

Маска од банана – за мекост и еластичност

Состојки:

зрела банана
лажичка мед

Подготовка и употреба:

Изгмечете ја бананата и измешајте ја со мед додека не добиете мазна паста. Нанесете ја на косата и оставете ја да делува околу 20 минути. Исплакнете со топла вода.

Овие едноставни и природни маски се одлични за нега на косата во текот на летните месеци, особено по престој на сонце и пливање во солена вода. Со редовна употреба, вашата коса ќе стане посилна, посјајна и поотпорна.