Оваа азиска земја е најпогодна за соло патувања: Спој на авантура и лична трансформација

popara21 февруари, 20254min00
b_250218114

Соло патувањето позитивно влијае на самодовербата, а една азиска земја е најпогодна за ваков вид патувања.
Според новиот извештај објавен од Кенсингтон, Индија е на првото место на листата на земји кои се идеални за соло патување.

„Соло-патниците сè повеќе избираат дестинации со длабоко културно значење и уникатни пејзажи, сите со персонализирана услуга“, рече Мет Камарт, потпретседател за маркетинг во Кенсингтон.

Имено, луѓето кои уживаат соло патувања сакаат слобода да истражуваат дестинации со сопствено темпо, а притоа уживаат во пристап кој е во согласност со нивните интереси.
Индија е на врвот на листата на најдобри дестинации за независно патување, бидејќи со своите бројни интересни локации, гарантира дека секој патник ќе најде нешто необично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ADITYA DESAI (@aditya_d108)

„За соло патниците, Индија нуди посебна авантура, но и лична трансформација“, рече Камаерт.

Втора на листата е Италија, а потоа следат Јапонија, Египет, Тајланд, Австралија, Шпанија, Исланд, Франција и Нов Зеланд. Исто така, според овој извештај и список, потврдено е дека од година во година се зголемува интересот за соло патувања.