Оваа земја е убедливо фаворит на овогодинешната Евровизија, а пеат за – сауна

popara13 март, 20251min00
SWITZERLAND-MUSIC-EUROVISION-TELEVISION-AWARD

Овогодинешната Евровизија ќе се одржи во Швајцарија, но не во нивниот главен град, туку во Базел.

Земјата која со недели го држи првото место според проценките на обложувалниците е Шведска, која годинава ја претставува групата Кај со песната Бара Бада Басту. Интересно е што шведските претставници за прв пат по 27 години ќе пеат на својот мајчин јазик, со многу хумористичен текст.

Групата Кај постои од 2009 година и е позната по своите хумористични песни, од кои едната е избрана за Евровизија. Имено, нивната песна е за сауна, а рефренот гласи:

„Ќе имаме сауна, сауна, ајде да испариме и да го ослободиме целиот стрес денес, ние сме тие што блескаме 100 степени…“

Инаку, ова е песната која освои најголем број гласови во историјата на Мелодифестивален, натпреварот за избор на шведски претставник на Евровизија. Исто така, Шведска е една од најуспешните земји на Евровизија, особено во 21 век, пишува nova.rs.

Постигна победи во 1974, 1984, 1991, 1999, 2012, 2015 и 2023 година.

За потсетување, првото полуфинале на Евровизија е закажано за 13 мај, второто на 15, а големото финале ќе се одржи на 17 мај.