Ако правите пуканки во air fryer, треба веднаш да престанете да го правите тоа. Експертите објаснија зошто ова може да биде опасно.
„Користете ја микробрановата печка или шпоретот ако планирате филмска вечер. Пуканките нема да се готват добро во air fryer бидејќи повеќето модели не можат да ја достигнат потребната температура“, пишува Би-Би-Си.
Дополнително, зрната од пченка може да се заглават во грејниот елемент на фритезата, што може да предизвика пожар.
Се разбира, има многу намирници кои исто така треба да избегнувате да ги готвите во овој уред, вклучувајќи неварени тестенини, житарки, сè што содржи сирење, големи парчиња месо со коски и лиснат зеленчук.
Готвачот Попи О’Тул претходно изјави дека не треба на овој начин да подготвувате ништо што содржи тесто, пренесува Кликс.
„На тестото му треба врело масло, а не бесконтактна топлина на пржење. Во спротивно, ќе завршите со неуредно, недоволно крцкаво тесто“, додаде таа.