Ова е најдобрата плажа за 2025 година: Позната по чистото море и розовиот песок

popara18 март, 20254min00
Elafonisi Beach, west coast, Crete, Greek Islands, Greece, Europe Copyright: MarkusxLange 1160-5234

Платформата „TripAdvisor“ неодамна ги објави најдобрите плажи во светот за оваа година, а плажата Елафониси е прва на листата.

Овој мал остров кој се наоѓа во близина на југозападниот брег на Крит е посебен по своето кристално чисто море и уникатниот песок со примеси на розова боја. Овој феномен доаѓа од ситните остатоци од школки кои даваат нереални сцени на плажата Елафониси.

До плажата се стигнува на необичен начин, пеш низ плиткото море. Имено, водата меѓу Крит и Елафониси е толку плитка што на повеќето посетители ги освежуваат нозете само додека уживаат на преминувањето до островот прекриен со бел песок.

Иако песокот е препознатлив по розовите нијанси, тие варираат во зависност од временските услови и количината на школки. Затоа на туристите им се советува да не очекуваат премногу интензивни бои, туку да уживаат во променливата природна убавина.

Исто така, се препорачува да одите на плажа рано наутро за да избегнете гужви и да го обезбедите вашето место или навечер кога зајдисонцето е особено спектакуларно.

На листата на најубави плажи се најде и плажата Миртос во Кефалонија која го зазеде десеттото место. Оваа плажа е позната по својот уникатен пејсаж, опкружен со планини и пространост што нуди мир и тишина дури и во екот на сезоната.

По плажата Елафониси, најубави плажи се плажата Банана во Тајланд, плажата Орел во Аруба, плажата Сиеста во Флорида, Праја де Фалесија во Португалија, Варадеро на Куба, Баваро во Доминиканската Република, Плаја де Муро во Шпанија, плажата Келингинг во Индонезија и плажата Миртос во Грција.