
Преполно е со антиоксиданти за кои е познато дека помагаат во одбрана од слободните радикали, кои предизвикуваат оксидативен стрес и можат да имаат огромна улога во развојот на карцином, дијабетес, болести на срцето и други хронични состојби.
Неодамна дознавме дека Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), ја објавил најздравата намирница на светот. Таа добила максимални 100 поени, а после неа следат зелката, блитвата, цвеклото и спанаќот.
Ботанички гледано, доматот се смета за овошје и токму тој е најздравата намирница на светот.
Доматот е преполн со антиоксиданти за кои е познато дека помагаат во одбраната од слободни радикали, а тоа помага телото да не се стекне со состојби кои можат да бидат фатални по здравјето.
Што го прави доматот толку многу хранлив?
Категоризацијата на CDC е заснована врз количината на 17 хранливи материи во порција од 100 калории. Доматот е нискокалорично овошје чиј нутритивен профил е сличен на зеленчукот.
Доматот којшто тежи околу 60 грама содржи само 12 калории и помалку од три грама јаглехидрати. Исто така тој е богат со ликопен којшто му дава црвена боја.
„Консумирањето на доматот и производи на база на домат може да помогне во заштита на телото од канцер и болести на срцето“, вели експертот Шери Бергер. Консумирањето на домат и ликопен помага во превенција на болести на коронарните артерии, канцер на желудникот, канцер на простатата, цереброваскуларни болести.