ОВА Е НАЈМЛАДИОТ АКТЕР ДОСЕГА НОМИНИРАН ЗА ЕМИ НАГРАДА Во серијата „Адолесценција“ ги остави луѓето без зборови

popara19 јули, 20251min00
Screenshot_8

Овен Купер, 15-годишната ѕвезда на серијата „Адолесценција“, би можел да стане најмладиот актер кој ја добил престижната телевизиска награда Еми. Британскиот тинејџер е номиниран во категоријата најдобра споредна машка улога во минисерија или ТВ-филм.

„Адолесценција“, чии четири епизоди следат 13-годишно момче обвинето за убиството на негова соученичка, доби вкупно 13 номинации, меѓу кои и за најдобра минисерија и за најдобар актер (Стивен Грем). Оваа серија беше прво актерско искуство за Купер.

Најмногу номинации има втората сезона на „Раздвојување“ – 27, па следуваат „Пингвин“ со 24 и „Белиот лотус“ со 23.