Ова е официјално најдобриот сос на светот: Има само четири состојки и секој може да го подготви

popara28 мај, 20251min00
1632228847-sauce-1770431_1920.format-webp.width-900

Познатата италијанска авторка на книги за готвење Марсела Хазан еднаш откри како се прави најдобриот сос за тестенини.

Нејзиниот сос е прогласен за најдобар во светот, според списанието Deslih, а доколку сакате да пробате да го направите сами, ќе ви требаат само четири состојки.

За овој светски познат и наградуван сос, ќе ви требаат:

800 грама конзервирани домати,
еден кромид,
70 грама путер,
сол

Подготовка:

Излупете го кромидот и исечете го на два дела, па ставете го во тенџере без да го исечкате. Додадете го путерот и кратко пропржете.

Потоа додадете ги доматите и варете на тивок оган 45 минути. Хазан тврди дека ниту кромидот ниту другите состојки не треба да се сечкаат. Само фрлете ги за да се зготви сè заедно и да се спојат вкусовите.

Целосниот рецепт е во видеото подолу: