Во нивната желба за брз раст на косата, многу луѓе се одлучуваат за различни третмани, но природните третмани се најсигурни и најефикасни.
Доколку сакате да го забрзате растот на косата и да постигнете 10 сантиметри раст на косата за само еден месец, природно масло може да ви помогне во тоа.
Имено, се работи за рицинусово масло кое е познато по благодетите за косата. Ова масло е богато со витамини, минерали и есенцијални масни киселини кои ја подобруваат циркулацијата на скалпот, а со тоа ги стимулираат фоликулите на косата и промовираат побрз раст.
Кога се нанесува директно на скалпот, маслото стигнува до корените и ги зајакнува фоликулите, овозможувајќи побрз раст на косата. Ова масло помага да се спречи опаѓање на косата и може да ја намали состојбата на сувиот и чувствителен скалп, што дополнително придонесува за здравјето и убавината на косата.
За најдобри резултати, се препорачува да нанесете рицинусово масло на скалпот пред спиење и да го оставите да делува преку ноќ, а потоа исплакнете наутро. Повторувајте го овој третман неколку пати неделно за да го забрзате растот на косата и да ги постигнете саканите резултати.