Мрсна храна, тешко месо, но и мрсни сирења и кашкавал, не треба да се јадат пред спиење зашто предизвикуваат несоница и го зголемуваат крвниот притисок. Но, на квалитетот на сонот влијаат и некои видови здрава храна. Во продолжение, проверете кои.
Карфиол, брокула
Полни се со витамини и минерали кои се неопходни за правилна работа на организмот. Сепак, не треба да јадете од нив во вечерните часови, особено не пред спиење, бидејќи содржат растителни влакна кои долго се „варат“ во организмот и го нарушуваат сонот.
Цитруси
Лимонот, портокалот и грејпфрутот се одлични извори на витамин Ц, но експертите советуваат да не ги јадете по 17 часот. Киселината од ова овошје може да предизвика проблеми во желудникот, но подеднакво и да ве задржи подолго будни во вечерните часови кога тоа не го сакате.
Домати
Доматите се силни антиоксиданти, содржат ликопен кој го чува здравјето на срцето и на крвотокот. Но немојте да јадете домати и сосови од домати во вечерните часови зашто оваа здрава намирница често знае да направи проблеми во желудникот и во стомакот. Меѓу сонот и вечерата треба да поминат најмалку три часа за да му дадете шанса на желудникот да ги „свари“ доматите без каков било проблем.
Темнo чоколадo
Темното чоколадо кое содржи висок процент на какао е исклучително здраво и препорачливо во секоја диета. Но, сепак, сочувајте од чоколадата за појадок или сакуска после ручек. Темното чоколадо содржи кофеин поради кој навечер може да почувствувате вознемиреност или пак, подолго да останете будни.
Житарки и овесни снегулки
Совршени се за појадок, но оваа здрава храна погрешно е да се консумира навечер. Како би ви делувале на нарушување на сонот? Содржат шеќери што индустриски се додадени во производството, а тие го разбудуваат организмот.
Зелка, кељ, целер и грав
Уште четири здрави намирници кои се корисни ако се јадат во текот на денот, но не и по 18 часот. Многу време им е потребно за да „сварат“ во организмот, а со тоа и го нарушуваат сонот.