Ова сигурно ќе ве расплаче: По многу години, Михаел Шумахер направи нешто што го разнежни сиот свет

popara14 април, 20251min00
119988_200538_f

Михаел Шумахер, легендарниот седумкратен шампион во Формула 1, потпиша кацига која ќе биде продадена на хуманитарна аукција со помош на неговата сопруга Корин.

Овој потег е првпат по години Шумахер да придонесе за јавен проект. Кацигата ќе се продава како дел од кампањата Race Against Dementia, фондација основана од трикратниот шампион Сер Џеки Стјуарт, која се бори против деменција, болест која ја погодува и сопругата на Стјуарт.

Кацигата, на која се наоѓа препознатливата шема на Ројал Стјуарт Тартан, беше прикажана за прв пат на Гран При на Бахреин. Сер Џеки Стјуарт водеше почесен круг пред трката со неговиот болид од 1973 година, кога ја освои својата последна шампионска титула. Стјуарт рече дека е прекрасно што Шумахер можел да учествува во оваа иницијатива и дека сега ги имаат потписите на сите живи светски шампиони.

За потсетување, Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во 2013 година, по што беше во индуцирана кома и оттогаш се опоравува приватно.

Иако неговата состојба останува тајна, познато е дека тој е под постојана грижа на лекарски тим и опкружен со љубовта на своето семејство, пишува Дејли Мејл.

Кацигата што тој ја потпиша ќе помогне во финансирањето на истражувањето на Универзитетот во Кембриџ кое развива тест на крвта за рано откривање на фронтотемпорална деменција.