Ова ќе биде летен хит: Паштета од тиквички – лесна, вкусна, вистински специјалитет за топли денови

popara14 јуни, 20251min00
676 (2)

Летото се уште официјално не започнало, а горештините се веќе неподносливи. Сепак, сезоната на тиквички е веднаш зад аголот, иако тие се веќе достапни во сите подобри супермаркети. Нутриционистите велат дека овој нискокалоричен зеленчук е идеален за летно мени.

Со тиквички сме пробале скоро се – мусака, на скара на тава, пржени, стапчиња тиквички печени во рерна на хартија за печење, супа, салата… а денес ви носиме предлог кој е нов кога се тиквичките во прашање.

Состојки:

3 средни тиквички
1 кромид
2 чешниња лук
2 супени лажици маслиново масло
2 лажици кисела павлака
1 китка магдонос или копар (по вкус)
1 лажица сок од лимон
сол, бибер

Подготовка:

Тиквичките измијте ги и исчистете ги, па изрендајте ги и посолете ги и оставете ги да отстојат малку. Потоа добро исцедете ги од водата. Лукот, кромидот и магдоносот (или копарот) се сечкаат, па се пржат во масло и кромидот и лукот, па се додаваат тиквичките и се динстаат на средна топлина, мешајќи додека не испари вишокот течност. Кога ќе го тргнете од оган, по неколку минути измешајте ги павлаката, сокот од лимон и зачините по вкус. Потоа смесата ставете ја во блендер или изблендирајте ја со рачен блендер. Подготвената паштета ставете ја во фрижидер добро да се излади, а потоа уживајте во освежителната, лесна и вкусна паштета од тиквички.