Овие видови на сирење можат да ви помогнат во регулација на високиот крвен притисок

popara1 мај, 20251min00
1636374581-mohamed-hassouna-s-kNgSguE-unsplash-1-750x550

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, е чест, особено кај постарата популација, а некои намирници можат да го намалат.

Хипертензијата може да доведе до опасни здравствени последици како срцев удар или мозочен удар. Она што е уште позагрижувачки е фактот што често нема јасни симптоми, па многу луѓе не ни знаат дека ги имаат. Меѓу најважните фактори кои го зголемуваат ризикот од развој на хипертензија се вишокот телесна тежина и лошата исхрана.

Експертите особено предупредуваат за група на намирници кои треба да се ограничат за да се намали ризикот од висок крвен притисок, а тоа се ултра преработената храна. Ако сакате да го намалите крвниот притисок, важно е да се фокусирате на урамнотежена исхрана со малку сол.

Меѓу корисните намирници се издвојува сирењето кое се произведува преку ферментација, што е добро за здравјето на цревата и микробиомот, а исто така е богат извор на важни хранливи материи како калциум, масти, протеини и витамини. Изборот на вистинскиот вид сирење може да помогне во регулирањето на крвниот притисок, пишува Eating Well.

Новото истражување покажа дека зголемениот внес на калциум може малку да го намали систолниот и дијастолниот крвен притисок. Научниците заклучија дека ова укажува на можна улога на калциумот во спречување на хипертензија, а малите промени во крвниот притисок можат да имаат значителни здравствени придобивки во смисла на намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.

Видови сирење препорачани од нутриционистите и погодни за регулирање на крвниот притисок се швајцарското сирење, моцарела, козјо сирење и рикота. Имено, според нутриционистката Лорен Трахан, која за Eating Well изјавила дека швајцарското сирење има најмалку натриум, само 54 милиграми на порција од 28 грама. Ова сирење е помалку преработено, па природно содржи помалку сол, а богато е и со калциум.

Дополнително, свежата моцарела содржи околу 85 милиграми натриум по порција од 28 грама, што е ниско во споредба со другите сирења. Добар избор е и козјото сирење, а нутриционистката Сузи Полгрин тврди дека овој вид сирење содржи околу 118 милиграми натриум и 85 милиграми калциум по порција.

Исто така, рикота е вид сирење со поблаг вкус и содржина на сол, а половина шолја рикота содржи 135 милиграми натриум и 289 милиграми калциум, што ја прави добар додаток во оброците доколку сакате да го поддржите кардиоваскуларното здравје.