Овие зборови во комуникацијата со ChatGPT чинат десетици милиони долари

popara24 април, 20251min00
1699968517-ai-generated-8177861_1280-750x519

Дали велите „ве молам“ или „благодарам“ откако ChatGPT ќе ја заврши задачата што сте му ја дале? Ако одговорот е да, вие припаѓате на група корисници кои, според некои проценки, го чинат OpenAI десетици милиони долари годишно – само во трошоци за електрична енергија.

Имено, секоја интеракција со вештачката интелигенција троши одредена количина на енергија, дури и да е само еден збор, пренесува TechRadar.

Зад ChatGPT и слични алатки се кријат огромни сервери кои трошат значителни количини енергија со секоја корисничка порака. Така, иако вештачката интелигенција стана дел од секојдневниот живот, малкумина размислуваат за фактот дека дури и генерирањето меме или испраќањето една порака може да има влијание врз животната средина.

Значи, дали треба да престанеме да бидеме добри со чет-ботови за да заштедиме енергија? Парадоксално – можеби сосема спротивното.

Имено, пристојните и јасно формулирани прашања честопати водат до попрецизни и покорисни одговори. Таквиот пристап не само што може да го подобри квалитетот на разговорот, туку во одредени ситуации дури и да ја намали пристрасноста на одговорите. Во оваа смисла, љубезноста станува важна алатка за посигурна употреба на вештачката интелигенција.

Како што се развива вештачката интелигенција, се поставува и прашањето дали учтивоста на корисниците ќе влијае на тоа како моделите реагираат. Дали еден ден системите ќе бидат обучени да „наградуваат“ повеќе почитувани корисници?

И така доаѓаме до дилемата, иако љубезноста кон вештачката интелигенција можеби не е енергетски најефикасна, таа многу добро може да ви донесе подобро корисничко искуство. Но, прашањето останува отворено – дали вреди во контекст на еколошкиот отпечаток?

Затоа, решението е едноставно: во задачата што му ја давате на четботот, веднаш на крајот од истиот, однапред оставете „благодарам“ и „те молам“. На тој начин останавте учтиви и не трошевте дополнителна енергија за да комуницирате.