
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ги обави 35-те земји кои ќе учествуваат на Песна за Евровизија 2026 година која ќе се одржи во Виена, Австрија.
Радиодифузерите членки на ЕБУ, во име на своите земји, имаа рок до средината на декември 2025 година да ги поднесат своите апликации на Евровизија 2026 година, а Македонија повторно ќе ја нема на овој настан.
Македонија веќе три години по ред не учествува на оваа манифестација, и ова ќе биде четврта година како нема да земеме учество. Согласно најавите, би можело да има враќање дури во 2027 година. Последен пат македонски претставник имаше во 2022 година кога пееше Андреа Коевска со песната „Circles“.
Пет од 35 земји се веќе квалификувани во големото финале кое ќе се одржи на 16 мај идната година. Големата четворка (Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство) и домаќинот (Австрија), се веќе во финалето, додека останатите земји ќе бидат поделени во две полуфиналиња кои ќе се одржат на 12 и на 14 мај. Ждрепката ќе се одржи на 12 јануари 2026 година.
Неколку земји најавија бојкот поради учеството на Израел, но засега нема ништо официјално.
