Многу психолози веруваат дека рецептот за успех лежи во промената на три особено лоши навики, кои де факто ги саботираат нашите шанси да бидеме среќни. Дознајте подолу за кои навики зборуваме.
Кукање
Кукањето е непријател на среќата. Без разлика колку задоволство чувствуваме кога „исфрламе се од себе“, тоа е само привремено задоволство кое брзо ќе биде заменето со очај. Нема ништо лошо во изразувањето незадоволство ако тоа води кон позитивна промена во однесувањето. Од друга страна, постојаното кукање без обид да се промени нешто, само ќе доведе до уште поголема фрустрација и на крајот до апатија.
Занемарување на себеси
Шансите да бидете среќни се мали ако не се грижите за себе. Како ќе уживате во животот ако не спиете доволно, не сте задоволни со вашата тежина и немате енергија да го завршите она што сте го започнале? Пред да добиете шанса да бидете среќни, мора малку да ги засукате ракавите, да работите на себе и да не дозволите летаргијата и бесцелноста повторно да ве однесат под свое крило.
Одложување
Одложувањето на обврските нема да има добар ефект врз вашата благосостојба. Одложувањето е пред сè многу стресно, бидејќи во моментите кога не го правиме она што треба да го правиме, не можеме ни навистина да се забавуваме. Кога бегаме од одговорност и труд, во суштина стануваме ментално послаба личност, неспособна да се соочиме со нови предизвици.