
Ќе ви требаат:
12 сливи
2 лажички ситно рендан ѓумбир
380 г брашно
350 мл јогурт
150 мл масло
90 г шеќер
3 јајца
1 прашок за пециво
1/2 лажичка сол
1 ванилин шеќер
Подготовка:
Измијте ги сливите, извадете им ја семката и исечете ги на коцки. Ставете го брашното, двата шеќери, прашокот за пециво, солта и ѓумбирот во сад и измешајте. Во друг сад, изматете ги јајцата, додадете го јогуртот, маслото и соединете. Истурете во смесата од состојки во прав и измешајте со шпатула. Додадете ги сливите, измешајте и истурете во калап за мафини. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути, во зависност од рерната. Проверете со чепкалка за заби дали мафините се печени.