Еден едноставен пијалок може да ви помогне во ефективниот процес на слабеење, подобрување на варењето и полесно добивање рамен стомак.
Имено, чиа семето во комбинација со вода и лимон делува детоксикативно. Чиа семките се сметаат за суперхрана, богата со есенцијални хранливи материи и поради својот состав се одлични за здравјето на дигестивниот систем, срцето и регулацијата на тежината.
Чиа семето е богато со влакна, омега-3 масни киселини, минерали и антиоксиданси. Нивната посебна карактеристика е што не се распаѓаат при варење, туку минуваат низ телото цели, што ги прави корисни за цревата.
Благодарение на нивната висока содржина на влакна, чиа семките отекуваат кога се натопени во течност и формираат маса слична на гел, што ги прави идеални за густа, нискокалорична и хранливо богата база.
Комбинацијата на чиа семе со лимон и вода е погодна бидејќи влакната го олеснуваат празнењето на цревата, додека лимонот го поттикнува варењето преку стимулирање на лачењето на жолчката и желудочната киселина. Чиа семето може да апсорбира 10 до 12 пати повеќе вода од нивната тежина, па напитокот придонесува за подобра хидратација на телото.
Благодарение на нивната способност да набабрат и да предизвикаат чувство на ситост, чиа семето може да помогне во намалувањето на внесот на калории.
Овој напиток се препорачува да се пие наутро на празен стомак, за да се продолжи чувството на ситост и да се намали потребата за ужина, како и пред тренинг за подобрување на хидратацијата и одржување на енергијата при физичка активност.